Со автомобилот удрил во симболот на Берлин: Починал на лице место

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина зад воланот на автомобил кој удри во столб на Бранденбуршка порта во Берлин, соопшти полицијата.

Loading...

Според полицискиот извештај, автомобилот удрил во Бранденбуршка порта, еден од најпознатите берлински симболи, во неделата околу 23:30 часот.

Едно лице загинало, а други детали не се соопштуваат.

Пожарникарите излегле на местото на несреќата и зад воланот на возилото пронашле безживотно тело, соопштил портпаролот на берлинската полиција која го обезбедувала теренот.

Во автомобилот немало никој, освен лицето кое го управувало возилото.

Бранденбуршка порта била изградена помеѓу 1789 и 1791 година.