Снимки од кинеските ракети истрелани кон Тајван (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снимки објавени на кинеските социјални мрежи покажуваат проектили истрелани кон Тајванскиот теснец.

Loading...

Неколку проектили паднале во морето околу Тајван, а тајванските власти тврдат дека биле истрелани 11 проектили.

 

 

 

Снимката беше споделена на Веибо без точната локација, но некои корисници рекоа дека е снимена на островот Пингтан.

Едно од првите видеа што беа објавени е снимено од плажа и го прикажува проектилот како е истрелан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ерупција на вулкан, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе

Ракетите летаат директно во морето и не се гледа копно, па се претпоставува дека видеото е снимено од плажа на истокот на островот со поглед на Тајванскиот теснец, пишува Sky News, додавајќи дека изгледот на плажата виден во движењето на камерата одговара на постоечка фотографија од јавната плажа на заливот Танан, источно од островот Пингтан.

Loading...

Други објавени снимки на сличен начин може да се лоцираат на островот Пинган, што овозможува тој остров да се определи со прилично голема сигурност како локација каде што е направена снимката.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

 

Глобал тајмс, кинески државен медиум, исто така објави видео на кое наводно се гледа самиот момент на лансирањето на кинеските ракети.

Ова видео не е независно потврдено.

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.