Снег во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нагло опаѓање на температурите и врнежи од снег денеска пристигнаа во делови од Балканот.

Loading...

Во Хрватска пристигна студен фронт кој за неполни 24 часа ја спушти температурата за 20 степени, а слична е ситуацијата и во Словенија.

Снег падна дури и во Загорје, каде само два дена претходно беа измерени дури 30 степени.

„Снегот паѓа како луд, почна околу 13 часот и 15 минути“, вели жител на Горњи Јесење.

Силниот ветер собори неколку дрвја во Загреб и предизвика мала штета во источна Хрватска. Ветерот во Загреб дува, според локалните медиуми, со брзина од речиси 50 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

 

 

Loading...

Снегот пристигна во Босна и Херцеговина, а прво почна да паѓа во Краина.

Побеле и Босански Нови, како што може да се види на фотографиите кои ги сподели BHMETEO.ba.

– Локално паѓа се до ниските предели. Во наредните часови во планинските предели на овој дел од земјата „крајот на светот“ – пишува BHMETEO.ba

 

 

Вакво невреме се најавува веќе со денови. Во Хрватска утрово пристигна голема промена на времето, а снег паѓа и во Словенија.

Во меѓувреме, температурите во Србија драстично се намалија.

Loading...

Во Македонија промена се очекува од утре, а УХМР издаде жолто метео предупредување.