„Ронин Доџо“ освои три медали на меѓународниот карате турнир „Гран при 13 Ноември“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово оствари успешен настап на меѓународниот карате натпревар „Гран при 13 Ноември 2026“, кој се одржа на 21 ноември во спортската сала „Расадник“ во Скопје, во организација на Карате клубот „Цветан Димов“.

 

 

Кумановскиот клуб освои три медали – едно злато, едно сребро и еден бронзен медал, во конкуренција на натпреварувачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Албанија и други земји.

Златниот медал во категоријата кати – пионери го освои Емил Миленковски, кој повторно покажа дека е подготвен за високи резултати.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пронајден починат во својот дом

 

Сребрено одличје во кати во јуниорска конкуренција освои Бојана Денковска.

Бронзениот медал го освои женскиот кадетско-јуниорски ката тим во состав Бојана Денковска, Милица Кипријановска и Ангела Николевска.

 

 

Во поединечна конкуренција настапија и Милица Кипријановска и Петар Митковски, кои имаа добри настапи, но не успеаја да стигнат до медал.

 

 

Во борби настапи само Емил Миленковски, кој имаше солидна борба, но овојпат не успеа да се закити со одличје.

– Задоволна сум од настапот на нашите натпреварувачи, но секако секогаш можеме подобро. Ова инаку е салата во која мојот татко Оливер Милорадовски далечната 1995 година стана државен шампион во борби во тешка категорија и вицешампион во тимски борби во јуниорска конкуренција. Следниот викенд нè очекува Државното првенство за кадети, јуниори и У21 во Скопје, каде повторно очекуваме добар пласман и настап, изјави тренерот Николина Смилевска Милорадовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца тинејџери уапсени за физички напад врз 23-годишен кумановец

 

 

Со освоените три медали, „Ронин Доџо“ продолжува со успешните настапи на домашните и меѓународните карате натпреварувања, а следниот предизвик за клубот ќе биде Државното првенство во Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски