Седумдесет и петгодишник од кумановско вчера попладне бил пронајден починат во својот дом.
– На 22.11.2026 во 15:34 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека во својот дом во село Умин дол, кумановско, бил пронајден починат С.С.(75), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на Институт за судска медицина во Скопје.
Никола Ивановски

