26-годишник од Куманово бил агресивен кон неговата мајка, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник од Куманово бил приведен викендов по пријава дека агресивно се однесувал кон неговата мајка.

– На 21.11.2026 во 13:40 часот  полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(26) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон неговата мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделава без струја повеќе делови од Куманово