Следи сончев ден со мала облачност и ветер

Сподели со своите пријатели

Утринава низ земјава е претежно сончево, освен во југозападниот крај каде има умерена облачност. Температурата измерена во 7 часот (УХМР) е нешто повисока за разлика од минатите неколку дена во истиот термин.

Loading...

Максималната дневна температура ќе достигне од 32°С до 35°С во повардарскиот крај, додека југозападниот регион очекува највисока дневна околу 30°С .

Низините од источниот очекуваат максимални 32°С.

Денот ќе биде претежно сончев, со сосема мала облачност. Ќе дува повремен умерен западен ветер во охридско-преспанскиот и пелагонискиот регион.

Скопската котлина ја очекува сончев и топлол јунски ден, со максимална до 32°С.