Европските лидери изразија силна поддршка за Володимир Зеленски по неговиот судир со Доналд Трамп во Белата куќа, пренесува агенцијата Франс прес.
Лидерите на Европската унија Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта му рекоа на Зеленски дека тој „никогаш не бил сам“.
„Бидете силни, бидете храбри, бидете бестрашни“, напишаа претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет во заедничката изјава на социјалните мрежи, додавајќи: „Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир“.
Макрон: Ако некој игра на картата на Третата светска војна, тоа е Путин
Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека Русија е агресор во војната и дека Западот бил во право што ѝ помогнал на Украина и ја санкционирал Русија пред три години.
„Ако некој игра на картата на Третата светска војна, тоа е Владимир Путин“, рече тој, мислејќи на обвинувањата на Трамп против Зеленски.
Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц, кој е фаворит да биде следниот канцелар, го увери Зеленски за поддршката на Германија.
„Никогаш не смееме да ги мешаме агресорот и жртвата во оваа страшна војна. Слична порака испрати и канцеларот во заминување Олаф Шолц, додека министерката за надворешни работи Аналена Баербок додаде дека Германија заедно со Украина „бараат мир и безбедност“.
There is an aggressor: Russia.
There is a victim: Ukraine.
We were right to help Ukraine and sanction Russia three years ago—and to keep doing so.
By “we,” I mean the Americans, the Europeans, the Canadians, the Japanese, and many others.
Thank you to…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) February 28, 2025
Мелони повика на итен самит за Украина
Италијанската премиерка Џорџа Мелони повика на итен меѓународен самит за Украина.
„Потребно е да се одржи самит без одлагање за отворено да се разговара за тоа како имаме намера да се справиме со денешните големи предизвици, почнувајќи од Украина.
Холандскиот премиер Дик Шуф напиша на X дека „поддршката за Украина останува непроменета. Особено сега“.
Тој додаде дека Холандија сака „траен мир и крај на војната што ја започна Русија“.
Солидарност со Киев изрази и полскиот премиер Доналд Туск.
„Драги украински пријатели, вие не сте сами“, му рече тој на Зеленски на Х.
Dear @ZelenskyyUa, dear Ukrainian friends, you are not alone.
— Donald Tusk (@donaldtusk) February 28, 2025
Шпанскиот премиер Педро Санчез напиша: „Украина, Шпанија е со вас“.
Британскиот премиер Кир Стармер вети „непоколеблива поддршка“ за Украина.
Според соопштението на Даунинг стрит, Стармер „прави се што може за да најде пат до траен мир заснован на суверенитетот и безбедноста на Украина“.