Поради дотраеност и попуштање на фасадата, куќа на ул. Ленинова се заканува да се сруши во догледно време, при што градежната инспекција при Општина Куманово одлучи да ја затвори улицата со жолта трака.
[huge_it_gallery id=”69″]
Старата куќа во која нема станари започнала да се троши по поројните дождови минатата недела и се заканува да се сруши поради нарушена статика.
Секторот за урбанизам при Општина Куманово во текот на утрешниот ден по добивање на записникот ќе биде запознаен со детали со што ќе се оди со предлог до семејството куќата да биде срушена, и на исто место да се изгради нова, со оглед дека деталниот урбанистички план дозволува изградба на нова куќа, информираше Лидија Ланг, раководител на Секторот за урбанизам при Општина Куманово.
На ниво на градот постојат повеќе од 20 склонопадни објекти кои се закануваат со рушење.