Ситуацијата е под контрола, нема место за паника, тврди премиерот Спасовски

Сподели со своите пријатели

Ситуацијата е под контрола и нема место за паника, рече премиерот Оливер Спасовски, на денешната прес конференција на која надлежните соопштија за првиот случај на коронавирус во земјава.

Loading...

Заразената пациентка е примена и третирана на Инфективната клиника во Скопје согласно сите протоколи, а спроведени се потребни мерки за понатамошен третман, вели Спасовски.

– Во овој момент е најважно што ситуацијата е под контрола, сите служби се подготвени да реагираат на овие новонастани услови и ве уверувам дека нема причина за било каква паника бидејќи е воспоставена контрола, системите се во целосна подготвеност, а тоа се работеше во изминатиот период и сите мерки кои се преземани се врз основа на сите протколи во случај кога немаме лице кое е заболено, но денеска прв пат имаме и преминуваме на следната фаза која што значи справување со ваква состојба, изјави Спасовски.

Преку Табановце влегла жената заразена со коронавирус во Македонија

Премиерот Спасовски апелираше до граѓаните да се придржуваат до препораките кои ги издава Министерството за здравство и Светската здравствена организација.

– Институциите имаат стручни кадри, опрема и капацитети и согласно со сите стандарди кои што се наложени во вакви услови се одвиваат сите постапки. Добро е што на целиот ризик пристапивме на време и поставивме систем на рана детекција и третман на различни групи на лица. Групата која што е посветена на справување со коронавирус е во постојана координација и со јавноста и понатаму ќе биде редовно информирана преку медиумите со цел граѓаните да добијат навремена и точна ифнормација за заштита на јавното здравје, порача Спасовски.

Тој повика граѓаните да ги почитуваат препораките и да покажат општествена одговнорност, да не споделуваат информации на социјалните мрежи кои можат да создадат дополнителни проблеми.

Компаниите привремено да не ги примаат на работа вратените од Италија, порача Филипче

Loading...

– Најважно е да знаеме дека нема место за паника, за било каква би рекол хистерија во однос на откривање на овој случај, туку напротив секој од нас да бидеме на висината на нашата лична одговорност преку добро поставување на институциите почитување на сите препораки секој од нас да допринесе да ги надминеме овие состојби, рече Спасовски.

За евентуално одложување на јавни собири Спасовски рече дека засега нема да бидат преземени такви мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply