Нозете на Владимир Путин уште еднаш ја заинтригираа јавноста откако на снимката од јавен настан се гледа како неконтролирано се грчат, што повторно ги разгоре гласините за неговото здравје.
Се чини дека 72-годишниот руски лидер се бори да ја задржи контролата врз неговите движења додека држеше едночасовен говор во Астана, Казахстан.
Инцидентот го привлече вниманието поради постојаните шпекулации дека Путин можеби се бори со Паркинсонова болест или друг сериозен здравствен проблем.
За време на неговиот говор, се чинеше дека неговите нозе се грчат, што ги наведе присутните да се запрашаат дали движењата се симптоми на невролошко нарушување.
Покрај тоа, многумина забележаа дека Путин носи чевли со повисока потпетица, пишува Јутарњи лист.
Ова не е првпат да се изразува загриженост за здравјето на Путин.
Претходните снимки веќе покажаа дека Путин изгледа физички нестабилно за време на јавните настапи – се грче со нозете и рацете додека го стега блискиот предмет за да се стабилизира.
Иако Кремљ повторно ги демантираше гласините за какви било здравствени проблеми, ваквите моменти продолжуваат да поттикнуваат дебата.