Сирискиот Црвен крст бара ЕУ да ги укине санкциите против Дамаск поради разорниот земјотрес

Сподели со своите пријатели

Сирискиот Црвен крст во вторникот ја повика Европската унија да ги укине санкциите против Дамаск по разорниот земјотрес кој однесе повеќе од 1.600 животи во таа земја.

Loading...

„Ги повикувам сите земји од ЕУ да ги укинат економските санкции кон Сирија бидејќи е време да се укинат по таков земјотрес“, изјави директорот на сирискиот огранок на Црвениот крст Калед Хабубати на прес-конференција во Дамаск.

Сирија, на чело со претседателот Башар ал Асад, е под меѓународни санкции од почетокот на војната во 2011 година, што значително ја намали трговијата со остатокот од светот.

Дамаск посочува дека економската криза во земјата е директна последица на меѓународните санкции. Тие мерки против Дамаск беа воведени по задушувањето на продемократските протести, само за земјата да потоне во граѓанска војна што ја опустоши.

Според Хабубази, сирискиот Црвен крст мобилизирал повеќе од 3.000 доброволци да учествуваат во операциите за пребарување и спасување во погодените области. Разорниот земјотрес го погоди и југот на соседна Турција.

Во Сирија загинаа 1.622 лица, а повеќе од 3.600 се повредени во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во понеделникот.

Граѓанската војна која трае повеќе од единаесет години во голема мера го исцрпи капацитетот на земјата сама да се справи со таква природна катастрофа.

Сириската армија продолжува да се судри со различни бунтовнички групи, вклучително и терористички организации како Ал Нусра и Исламска држава, со помал интензитет.

Loading...