Сириец и Германец уапсени во липковско

Сподели со своите пријатели

Државјани на Сирија и Германија биле приведени утринава во липковското село Лојане, поради нелегален влез во Македонија.

Loading...

– На 05.09.2022 во 07.15 часот во с.Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.А.(22) од Сирија и П.M.(22) од Сојузна Република Германија поради основи на сомнение дека на нелегален начин влегле на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат