Во најстрого чуваниот затвор, на тајна локација во Колумбија живее затвореникот Луис Гаравито.
Поради својата сигурност одалечен е од останатите затвореници, а храна и пијалаци зема само од оние кои ги познава.
Чуварите го опишуваат како опуштен, позитивен и полн со почитување. Се образува еден ден да стане политичар и активист кој се бори за заштита на злоставување на децата. Експерт е на тоа порачје, со оглед дека и самиот злоставувал и убил над 300 деца.
Пред да стане примерен затвореник бил познат по прекарот Ла Бестиа (Ѕвер). Од 1992 година до 1999 година силувал, мачел и убил од 100 до 400 деца, на возрасто од 6 до 16 години.
Бројот на убиени момчиња чии убиства ги признал пред судот изнесува неверојатни 138. Полицијата смета дека бројката е блиска до 400 па и натаму се обидуваат да докажат други убиства, пишува АТИ.
Колумбија во 1992 година била преполна со бездомници кои поради неколку децении долга граѓанска војна останале без се и живееле на улица. Меѓу нив имало многу деца без родители, кои така станале лесни цели за овој болен ум. Во текот на својот убивачки поход Гаравито бил многу внимателен и напаѓал само бездомници и сирочиња. Кога ќе пронашол такво момче, со слатки, пари или ветувања за можно вработување, ги мамел надвор од градските улици.
Често се маскирал во свештеник, фармер, постар човек или училен продавач. Внимателно ги бирал своите улоги, внимавајќи да не се појавува како иста личност често за да не разбуди сомнежи. Кога ќе ги нанамел, би тргнувал по нив со нив во долга прошетка и им поставувал прашања за нивниот живот и така ја добивал нивната доверба, се додека не станат уморни, ранливи и невниматели. Тогаш ги напаѓал.
Ги мачел, силувал, им ги сечел половите органи и глави
Уморните момчиња ги врзувал и мачел. Телата кои полицијата ги пронашла покажуваат дека Ѕверот навистина го заслужува својот рпекар. Мачењето на момчињата траело, а трагите на нивните тела покажале остатоци од каснувања, анална пенетрација. Во многу случаи Гаравито би им ги сечел половите органи и им ги ставал во уста. Некои тела биле пронајдени и без глави.
Пет години од неговото прво убиство полицијата започнала да забележува чести исчезнувања на деца. Кон крајот на 1997 година откриена е масовна гробница, а во февруари 1998 година тела на две голи момчиња пронајдени на брег. Во близина е пронајдено уште едно тело. Сите тројца имале завррзани раце и пресечени грла, а оружјето со кои било починето убиството било пронајдено во близина.
Додека ја пребарувале локацијата пронашле хартија со рачно напишана адреса за која се испоставило дека е адреса на долгогодишната девојка на Гаравито. Во моментот кога пристигнала полицијата него го немало таму, но девојката на полицијата и дозволила да ги прегледа неговите лични предмети. Меѓу нив пронашле фотографии од млади момчиња, дневник во кој ги опишувал своите злосторства и ознаки на жртвите.
Убиецот го пронашле дури седум дена подоцна во соседниот град, кога се обидел да силува едно момче, но во тоа го спречил бездомник. Полицијата го привела Гаравито.
Дека е во прашање монструозен и масовен убиец, а не само силувач, дознале во текот на истрагата.
Во полициската станица тој паднал под притисок и признал злоставување на 147 момчиња кои ги закопал на необележани гробници. На полицијата нацртал мапа до локацијата каде ги оставал нивните тела. На едно место на злосторот пронашле и очила кои одговарале на неговата посебна диоптрија.
Осуден е за 138 убиства, иако другите и натаму се истражуваат.
Максималната казна за убиство во Колумбија е 13 години, па така за 138 убиени момчиња тој требал да добие 1.853 години и девет дена.
Колумбиските закони велат дека оние кои починиле злосторство над децата мораат во затвор да одлежат најмалку 60 години. Но, со оглед дека човекот за кој се верува дека ѕверски мачел и убил околу 400 момчиња полицијата ја одвел до телата, казната му била намалена на 22 години.
Така еден од најголемите сериски убијци во историјата, би требало за две години, во 2021 година да стане слободен човек.
Фото: Youtube/#0