Земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтер се случи на мала длабочина од 21 километар, на околу 160 километри од малиот пристанишен град Ривертон, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).
Според USGS, земјотресот се случил во 14:43 часот по локално време (0143 GMT).
Засега нема информации за штети или предупредувања за цунами, но локалните медиуми објавија дека илјадници жители го почувствувале земјотресот.
Властите првично ја процениле јачината на 6,8 степени.
Националната агенција за управување со вонредни состојби (НЕМА) ги повика луѓето да се држат настрана од плажите во подножјето на Јужниот остров, предупредувајќи на силни струи и бранови кои можат да претставуваат опасност за капачите, сурферите и луѓето кои ловат риба.
Во 2011 година, земјотрес со јачина од 6,3 степени го уништи Крајстчерч, вториот по големина град во земјата, при што загинаа 185 луѓе и уништија големи делови од центарот на градот.