Силен земјотрес ја погоди Русија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Охотското Море, источно од брегот на рускиот остров Сахалин, изјави шефот на сеизмолошката станица Јужно-Сахалинск, Елена Семјонова.

Loading...

Таа за РИА Новости изјави дека земјотресот се случил на 110 километри источно од Кејп Свободни во областа Корсаков, во јужниот дел на Сахалин.

Земјотресот не е почувствуван во населените места на островот и не е издадено предупредување за цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апокалиптични сцени во близина на Виена: Поплавен автопат (ВИДЕО)