Силен земјотрес ги погоди Филипините

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил во близина на вториот по големина филипински остров Минданао, на длабочина од 630 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека земјотресот во длабокото море не се очекува да предизвика штета, но се очекуваат последователни потреси, пренесува Ројтерс.

Филипините се наоѓаат во огнениот прстен на Пацификот, каде вулканската активност и земјотресите се вообичаени.