Сигурни знаци дека некој ве лаже

Сподели со своите пријатели

Дури ниту најдобрите лажливци не се во состојба да ги сокријат сите знаци кои ги издаваат кога не ја зборуваат вистината.

Не мора да бидете надарени со телепатски способности за да препознаете кога некој не ја зборува вистината, бидејќи постојат неколку прилично сигурни знаци кои таквата личност можат да ја откријат, без оглед колку е таа добра во ова. Ако сакате да дознаете дали некој лаже треба да обрнете внимание на следното:

Говор на телото

Лажговците обично ги кријат дланките додека лажат, не седат исправено, избегнуваат контакт со очите и се користат со негативни гестови (допирање на косата или ушите) бидејќи се чувствуваат лошо.

Сите што се родени на овие датуми имаат посебна карма

Loading...

Движење на очите при разговор:

Истражувањата покажале дека постои врска помеѓу движењето на очите на личноста и она што истата во моментот го мисли. Постојат шест различни правци во кои личноста може да гледа – горе десно, горе лево, средно десно, средно лево, доле десно и доле лево. Секој од тие правци го одразува она што личноста го мисли. Така ако лицето гледа горе лево значи дека во тој момент конструира слика во мозокот, додека гледањето горе десно значи дека се обидува да се присети на нешто. Така ако лицето со кое разговарате гледа горе лево веројатно во тој момент конструира приказна која се обидува да ви ја раскаже, што значи дека лаже.

Неконзистентност во говорот

Ако имате прилика со некоја личност да разговарате повеќе пати на една иста тема во различни ситуации, најверојатно секој пат верзијата на настанот ќе биде сменета. Личноста најчесто заборава што кажала па ќе додаде нешто ново или ќе изостави нешто претходно споменато. Без оглед на видот на неконзистентноста, тоа е знак дека личноста најверојатно лаже.

Нервоза

Речиси секој лажго чувствува нервоза, повеќе или помалку изразена. Обрнете посебно внимание на неговата состојба и инсиситирајте на разговор за сомнителната тема за да го направите уште понервозен. Некои од знаците на нервоза се грицкање нокти, немир, потење, триење на дланките од нозете, тропкање со прстите и играње со некој предмет.

Избегнување на одредена тема

Многу лесно воочливо е дека личноста која сака да сокрие нешто ќе се обидува да го избегне спомнувањето на таа тема и упорно ќе го насочува разговорот на нешто друго.

Дамите родени во овие три хороскопски знаци се вистинска „експлозија“ во кревет

Недостаток на самодоверба:

На личноста ќе и недостига сигурност и уверливост додека лаже. Ќе зборува со потивок тон.

Leave a Reply