Дваесет и двегодишниот Љ.Г. од Радовиш заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
Имено, на 07.04.2016 година, на автопатот Куманово – граничен премин Табановце полициски службеници забележале три патнички возила од кои излегувале мигранти. На местото на настанот биле затекнати седум мигранти, а при обид да се легитимира возачот на патничкото возило „Мазда“, истиот го стартувал возилото, по што удрил во полицискиот службеник со браникот во десната нога и го прегазил по стапалото нанесувајќи му телесна повреда.
Кривична пријава е поднесена од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово.