Шведскиот премиер: Пукањето во училиште е најлошото во историјата на земјата

Сподели со своите пријатели

Шведскиот премиер Улф Кристерсон го нарече масовното пукање во училиште, во кое загинаа најмалку десет луѓе во вторникот, најлошото во историјата на земјата, јавува Anadolu.

Loading...

„Денес бевме сведоци на брутално, смртоносно насилство врз целосно невини луѓе. Ова е најлошото масовно пукање во шведската историја“, рече Кристерсон на прес-конференција.

„Тешко е да се разбере размерите на она што се случи денес… Она што едноставно не требаше да се случи – се случи“, додаде тој.

Кристерсон ја повика нацијата да ѝ помогне на полицијата во истрагата за пукањето.

Шведската полиција претходно соопшти дека околу десет лица биле убиени во пукање во училиштето Кампус Рисбергска во Оребро, град кој се наоѓа на 200 километри западно од Стокхолм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анталија: Автобус излега од патот, неколку загинати и повредени

Официјални лица рекоа дека веруваат дека напаѓачот е меѓу загинатите и дека не очекуваат дополнителни напади.

Оттаму додаваат дека напаѓачот дејствувал сам, но мотивот за нападот се уште не е познат.

Престрелката се случила околу 12:33 часот по локално време.

Loading...

Целта беше образовен центар во кој присуствуваа оние кои немаат завршено основно или средно училиште.