Шведска: Разговорите со Турција за членство во НАТО се одвиваат добро

Сподели со своите пријатели

Шведска ќе го продолжи дијалогот со Турција за да се надминат приговорите што ги покрена Анкара во врска со апликацијата на земјата за членство во НАТО, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

„Верувам дека разговорите одат во многу позитивна насока“, изјави Билстром за новинарите во Берлин, по средбата со нејзината германска колешка Аналена Бербок, пренесе Ројтерс.

Билстром рече дека разговорите ќе продолжат на сите нивоа и наскоро ќе одат во Анкара, додека разговорите меѓу властите на Шведска, Турција и Финска, која исто така аплицираше за членство, ќе продолжат паралелно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Историска пресуда“: МЕТА осудена за измама на потрошувачите, мора да плати 375 милиони долари

Турција го условува влезот на нордиските земји во НАТО со екстрадиција на лица кои нашле засолниште во тие земји, а Анкара ги смета за терористи.

Од 30-те земји членки на НАТО, освен Турција, членството на Шведска и Финска не го ратификуваше ниту Унгарија.

Затоа, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека нема „сива зона“ кога станува збор за ратификација на членството на Шведска и Финска во НАТО.

„Кога станува збор за Унгарија, сакам детално да појаснам – нема сива зона“, рече Бербок.

Унгарскиот парламент ќе расправа за ратификацијата на членството на нордиските земји во НАТО оваа есен, откако ќе бидат усвоени низа закони на ЕУ, изјави во средата унгарскиот премиер Виктор Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АЛАРМАНТНО: На Европа ѝ се заканува недостиг на гориво уште следната недела