Шведска најави воена поддршка за Украина од над 600 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Шведските власти денеска соопштија дека ќе испратат нова воена помош за Украина во вид на опрема во вредност од 7,1 милијарди круни, што е околу 633 милиони евра.

Loading...

„Причината зошто продолжуваме да ја поддржуваме Украина е прашање на хуманост и внимание. Русија започна незаконска, неиспровоцирана и неоправдана војна“, изјави денеска пред новинарите шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон.

Најголемиот дел од помошта се состои од артилериска муниција, воени бродови, подводно оружје (мини и торпеда), противтенковски проектили, гранати и противвоздушни системи што ги бара Киев.

Овој пакет помош, петнаесетти што Стокхолм го доделува од почетокот на војната, доаѓа неколку дена пред симболичниот датум 24 февруари, втората годишнина од руската инвазија на Украина.

„Ситуацијата во Украина е тешка“, рече шведскиот министер за одбрана, кој вети дека ќе го поддржува Киев онолку колку што е потребно.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.