Шведска ќе тестира нова технологија за формирање „рој дронови“

Сподели со своите пријатели

Најновата членка на НАТО, Шведска ќе тестира нова технологија за формирање рој на дронови развиена од групацијата за одбранбена опрема Saab (SAABb.ST) во соработка со вооружените сили на нордиската земја, изјави во понеделникот министерот за одбрана Пал Јонсон.

Loading...

Џонсон на прес-конференција рече дека војската ќе ја тестира оваа технологија, развиена во текот на изминатата година, пред претстојната вежба Arctic Strike, пренесува Reuters.

„Ќе мораме да преземеме некои ризици за да изградиме посилна одбранбена способност побрзо отколку што тоа обично го правиме“, рече тој.

Џонсон рече дека технологијата овозможува да се формираат роеви од дронови со различни големини и потоа да се завршат задачите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјада нови дронови испорачани на иранската војска

– Со овие роеви од дронови е можно да се изврши извидување, позиционирање и идентификација – рече тој.

Шведска стана членка на НАТО во март 2024 година како резултат на руско-украинската војна и планира да ги зголеми трошоците за одбрана за да достигне 2,6 отсто од БДП до 2028 година, што е повеќе од 2,2 отсто во 2024 година.