Штрајк на аеродромот во Дизелдорф

Сподели со своите пријатели

„Повеќе од третина од летовите беа откажани, но немаше гужви бидејќи компаниите навреме ги информираа патниците за штрајкот и ги упатија на други аеродроми“, соопштија од управата на аеродромот во Дизелдорф.

Loading...

Синдикатите на работниците во услужните индустрии Верди ги повика вработените во испраќањето на патници и багаж на аеродромот во Дизелдорф на штрајк поради одлуката на Министерството за транспорт на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија да ја напушти работата за испраќање патници и багаж на други компании наместо претходната компанија Авиапартнер.

Верди вели дека е неприфатливо вработените во Авиапартнер автоматски да не бидат преземени од новите компании за шпедиција на патници и багаж, туку тие да мораат повторно да се натпреваруваат под нови услови за да ги задржат своите работни места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна авион во Чиле. Шестмина загинати!

Од управата на аеродромот соопштија дека досегашните преговори со вработените се одвиваат „без проблеми“.

Се очекува штрајкот да заврши во сабота рано наутро.