Најмалку четири лица загинаа кога приградски воз удри во група луѓе кои ги преминувале шините во близина на градот Барселона во источна Шпанија, јавува Anadolu.
Loading...
Генералната управа за цивилна заштита на автономната управа на Каталонија потврди дека четири лица загинале кога во нив удрил воз.
Тие рекоа дека група од седум лица се обидувале да ја преминат пругата на точка затворена за пешаци во ориенталниот регион Валес во близина на Барселона.
Претставници на локалната самоуправа соопштија дека се работи за група млади луѓе кои ги преминувале пругата за да одат на концерт.