Шолц: Релативизирањето на холокаустот е неприфатливо

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го изрази своето незадоволство од изјавите на палестинскиот претседател Махмуд Абас, за кои германскиот лидер рече дека го намалуваат значењето на холокаустот.

Loading...

„За нас Германците, секое релативизирање на посебноста на Холокаустот е неподносливо и неприфатливо. Згрозен сум од безобразните изјави на палестинскиот претседател Махмуд Абас“, напиша Шолц на Твитер, пренесе Ројтерс.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во вчерашната изјава не покажа каење за смртоносниот напад на палестинските терористи врз израелските спортисти за време на Олимпијадата во Минхен пред половина век, спротивставувајќи се на аргументот дека Израел извршил „50 холокаусти“ врз Палестинците во тој период, пренесува АП.

Единаесет израелски спортисти и германски полицаец загинаа откако членовите на палестинската терористичка организација Црн септември зедоа заложници во Олимпиското село на 5 септември 1972 година, според американската агенција.

На прашањето на новинарите по вчерашната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, дали како палестински лидер планира да им се извини на Израел и Германија за нападот во пресрет на 50-годишнината од овој напад следниот месец, Абас наместо да одговори, изнесе обвинувања за злосторства извршени од Израел од 1947 година.

„Ако сакаме да поминеме низ минатото, продолжи“, рече Абас, кој зборуваше арапски во своето обраќање пред новинарите.

„Има 50 масакри што ги изврши Израел, 50 масакри, 50 колежи, 50 холокаусти“, рече Абас, внимавајќи да го каже последниот збор на англиски, објави „Тајмс оф Израел“.

Стоејќи покрај Шолц, Абас експлицитно го употреби зборот „холокаусти“ во својот говор, што предизвика гримаса кај германскиот канцелар, според АП.

Loading...

Германија долго време инсистираше на тоа дека терминот треба да се користи само за опишување на злосторствата на нацистите кои убија шест милиони Евреи пред и за време на Втората светска војна.