Живот со негативни луѓе може да биде многу тежок и фрустрирачки, особено затоа што е тешко да се откријат, а уште потешко да се отстранат од животот. Секако, токсичните луѓе не секогаш се лоши луѓе, туку имаат одреден начин на однесување, кој може да го загрози нашиот личен простор.
Со помошт на овие шест совети ќе препознаете личности кои би требало да ги избегнувате.
1. Постојано нешто барааат од вас
Иако делува дека сите бегаме од таквите од луѓе, одреднеи личности толку сакаат да им удоволат на другите и тешко им е да кажат „не“ и да постават граници во односот. Често на таквите луѓе се потпираат оние кои сфаќаат дека можат да имаат корист.
2. Постојано осудуваат
Постои разлика меѓу луѓе кои со својата искреност сакаат да помогнат и меѓу оние кои постојано само го осудуваат и преиспитуваат секој ваш чекор.
Точно може да се почувствува разлика меѓи оние кои добронамерно свртуваат внимание на работите во вашиот живот и оние кои постојано ве испрашуваат и негативно вреднуваат. На таквите личности кажете им збогум.
Нема потреба да се чувствувате анксиозно секогаш кога треба да ја видите таа личност. Зошто би трпеле некои повеќе или помалку суптилно да ве навредува поради вашиот партнер, кариера или дом.
3. Секогаш се негативни
Секако, еден важен дел од пријателството е тоа што секогаш можеме да си дадеме олеснување во разговор со пријателите и да раскажеме дека моментално не ни е добро во животот. Но, ако некој од вашето опкружување постојано зборува само за негативните страни на се, тоа со време ќе влијае и на вас.
Секој заслужува да добие издувен вентил од време на време, но луѓето кои постојано сакаат, всушност не сакаат ниту помош ниту совет. Вие не можете да влијаете на менталната состојба кај таква личност, но факт е дека таа може на вашата.
4. Неодговорни луѓе
Навистина може да биде исцрпувачки и фрустрирачки да видете во близина на луѓе кои никогаш не признаваат дека направиле грешка или дека нешто е нивна вина. Сите луѓе прават грешки и потребно е да се соочите со нив.
Многу се напорни луѓето кои мислат дека за секоја ситница која тргне на лошо во нивните животи е виновен некој друг. Никогаш не се знае која е нивната следна жртва, а редот ќе дојде и на вас.
5. Љубоморни луѓе и оние кои мора се да контролираат
Зборовите „љубомора“ и „контрола“ не треба да се поврзуваат со романтични врски. Ова нема никаква врска со љубовта. Посесивноста е една од работите кои може негативно да влијае на животот.
Не треба да бидете во опкружување на луѓе кои бараат објаснување зошто некаде сте се појавиле или не сте се појавиле, зошто веднаш не сте одговориле на прака.
Луѓето околу вас треба да ја цената вашата независност. Не би требало да се чуствувате виновно или приморани на нешто само зато ашто сте избрале да ја минете вечерта со некој друг.
6. Секогаш гледаат лошо во другите
Токсичните луѓе ќе бараат негативни работи во другите, за да можат постојано да ги осудуваат. Овожаваат да оговараат. Наместо да се обидат да прифатат некој каков што е, тие се во состојба константно да го осудуваат и не признаваат ништо освен тоа.