Шефот на јапонската полиција поднесе оставка поради убиството на Абе

Сподели со своите пријатели

Началникот на јапонската национална полиција Итару Накамура денеска најави дека ќе поднесе оставка за да ја преземе одговорноста за атентатот на поранешниот премиер Шинзо Абе на предизборниот митинг минатиот месец.

Loading...

Тој не прецизираше кога ќе се повлече.

Најавата дојде откако Националната полициска служба објави извештај во кој се наведува дека не успеала да го спаси животот на Абе поради пропусти во заштитата што му овозможиле на напаѓачот да пука во него одзади, пренесува АП.

Напаѓачот Тецуја Јамагами беше уапсен на местото на настанот и моментално е на ментална процена до крајот на ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја истрела балистичка ракета за прв пат по 2 месеци

Јамагами и рекол на полицијата дека го убил Абе поради неговите наводни врски со Црквата на обединување, која ја мразел.

Абе беше убиен на 8 јули во Нара, западна Јапонија.

Неговото семејство денеска му оддаде почит на приватен будистички ритуал по повод 49-тиот ден од убиството.