Шефот на израелската армија призна дека не успеале да ги спречат нападите на 7 октомври

Сподели со своите пријатели

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви во вторникот призна дека армијата не успеала да спречи ненадеен напад што Хамас го започна на 7 октомври, јавува Anadolu.

Loading...

Тој изјави дека во изминатите денови имало дијалог за однесувањето на армијата во врска со настаните кои претходеа на 7 октомври.

„Со оглед на катастрофалните резултати, се подразбира дека ќе одговориме и ќе го слушаме секој војник чии идеи можат да бидат корисни“, додаде тој.

Ќе се спроведат темелни и длабински истраги, рече тој, додавајќи дека сега мора да се фокусираат на борбите.

Израел започна масовна воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот ненадеен напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш, повеќе од 15.000 Палестинци се убиени, меѓу кои 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.

Официјалниот број на загинати во Израел е 1.200.