Шефот на Гугл лани примил 226 милиони долари плата и бонуси

Сподели со своите пријатели

Сундар Пичаи, извршниот директор на Alphabet, матичната компанија на Google, добил вкупно 226 милиони долари плата и надомест во 2022 година, што е повеќе од 800 пати повеќе од просечната плата на вработените во компанијата.

Loading...

Неговата годишна плата била два милиони долари, се вели во извештајот што компанијата го доставила до регулаторот.

Згора на тоа, на Пичаи му биле доделени 218 милиони долари за минатогодишната работа, а пакетот за компензација вклучувал речиси 6 милиони долари за лично обезбедување.

Просечната годишна исплата на вработените во Alphabet во 2022 година, пак, била 279.802 долари, така што надоместокот на извршниот директор бил 808 пати повеќе.

Шефот на Apple ги намали плаќањата

Другите извршни директори на Alphabet и Google заработија приближно 22 до 35 милиони долари во годишни награди за акции, покажа извештајот.

Тој извештај беше објавен во време кога Alphabet започна со реструктуирање на своето работење, вклучувајќи го и намалувањето на бројот на работници за 12.000, што започна во јануари и достигнува 6 отсто од вкупниот број вработени.

Финансиската директорка на Гугл, Рут Порат, на почетокот на април најави дека компанијата ќе постигне дополнителни заштеди со намалување на бројот на лаптопи и услуги.

Инаку, компензацијата на извршните директори стана особено чувствителна тема во технолошката индустрија, особено по бранот отпуштања на голем број компании.

Loading...

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, ги намали своите исплати за оваа година, откако ги налути вработените со тоа што доби 100 милиони долари плата и надомест во последните две години.