Североисточниот регион прв по миграција од село во град во 2014 година

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 13 764 деца или 58.3% од вкупниот број на живородени деца, наспроти 9 832 живородени деца или 41.7% во селските подрачја.

Loading...

Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има скопскиот регион со 34.7%, а најмало Вардарскиот регион со 6.8%.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања во градските подрачја изнесува 29.1 години, наспроти 27.6 години во селските подрачја.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 27.7 години, наспроти 25.2 години во селските подрачја.

При првото раѓање, за 2.5 години е помлада мајката од селските подрачја.

Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 11 944 лица или 60.6%, наспроти 7 774 умрени лица или 39.4% во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупнот број на умрени лица, по региони, има скопскиот со 28.7%, а најмало североисточниот регион со 8.1%.

Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 144, додека во селските подрачја изнесува 89 доенчиња.

Loading...

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 71.8 години, наспроти 73.0 години во селските, или 1.2 години поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.

Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 46.9%, наспроти 53.1% од селските подрачја.

Во три региони има појава на негативен природен прираст и тоа во Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион.

Податоците за внатрешните миграции во рамките на Република Македонија покажуваат дека, вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град.

Најголемо учество во вкупните миграции на ниво на регион, од село во град, има Североисточниот регион со 40.8%.

Карактеристично за Полошкиот регион се меѓуселските преселби кои учествуваат со 61.3%.

Скопскиот регион во континуитет покажува позитивно миграциско салдо, како кај внатрешните, така и кај надворешните миграции.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион (1012 лица), а најмало во Југозападниот регион (-86 лиц

Loading...