Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон нејзините источни води, соопшти војската на Јужна Кореја, неколку часа откако Пјонгјанг се закани дека ќе започне посериозен воен одговор на зајакнувањето на сојузот на САД со Јужна Кореја и Јапонија.

Loading...

Во 10:48 часот по локално време, јужнокорејската војска идентификувала лансирање од источното крајбрежно подрачје Вонсан во Северна Кореја, се вели во соопштението на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, пренесува АП.

Сеул, наводно, го засилил надзорот над Северна Кореја, додека одржувал воена подготвеност и тесна координација со САД.

Тоа беше првото лансирање на балистичка ракета на Северна Кореја во последните осум дена и последно во серијата тестови во изминатите неколку месеци, според АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Северна Кореја претходно соопшти дека некои од тестовите биле симулации на нуклеарни напади врз јужнокорејски и американски цели.

Претходно денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи предупреди дека неодамнешниот договор на самитот САД-Јужна Кореја-Јапонија за Северна Кореја ги остава тензиите на Корејскиот полуостров „понепредвидливи“.

Изјавата на Чо беше првиот официјален одговор на Северна Кореја на трилатералниот самит на американскиот претседател Џозеф Бајден со неговите јужнокорејски и јапонски колеги на маргините на регионалниот состанок во Камбоџа во неделата, според АП.

Во заедничката изјава, тројцата лидери силно ги осудија неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја и се согласија да работат заедно за зајакнување на одвраќањето, додека Бајден ја потврди посветеноста на САД да ги бранат Јужна Кореја и Јапонија со сите расположливи средства, вклучително и нуклеарно оружје.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.