По силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд што попладнево го зафати Куманово, екипите на јавните претпријатија и фирмите ангажирани на инфраструктурни проекти излегоа на терен и започнаа со расчистување на последиците.

Како што информира градоначалникот Максим Димитриевски, веднаш по намалувањето на интензитетот на врнежите започнати се активности за отстранување на наносите од чакал и песок, како и за чистење на шахтите и канализацијата, со цел нормализирање на состојбата.

По завршувањето на овие интервенции ќе следува детално чистење на улиците од наносите, како и санирање на погодените градилишта.

Од Општина Куманово ги повикуваат граѓаните чии домови се поплавени да побараат помош за испумпување на водата на следните телефонски броеви:
193 – Територијална противпожарна единица Куманово
070 312 727 – Ивица Димовски (Одделение за заштита и спасување)
077 703 919 – Борис Станковски (ТППЕ Куманово)

„Општина Куманово внимателно ја следи состојбата и останува целосно на располагање на граѓаните“, порача градоначалникот Димитриевски.



Никола Ивановски

