Северна Кореја порача дека ќе ја зајакне војската се додека не ја елиминира „заканада од САД“

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи изјави дека Пјонгјанг ќе продолжи да ја зајакнува својата армија додека не ја елиминира заканата од САД и сојузниците на Вашингтон.

Loading...

Изјавата на Чое Сон Хуи е одговор на најавата на седумте најразвиени земји во светот – САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија и Канада, кои го осудуваат севернокорејското тестирање на нова интерконтинентална балистичка ракета.

Пјонгјанг најави повеќе „офанзивни“ акции поради заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, тврдејќи дека маневрите се подготовка за „сеопфатна нуклеарна војна“.

„Погрешно е да се мисли дека само Вашингтон има право и способност да изврши нуклеарен напад“, рече Чое Сон Хуи, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.000 починати за еден месец во оваа европска земја поради топлотен бран

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.