Северна Кореја погубила службеници „одговорни“ за поплавите?

Сподели со своите пријатели

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја денеска соопшти дека внимателно ги следи индициите дека Пјонгјанг погубил неколку севернокорејски функционери кои ги смета за одговорни за огромните штети од поплавите на почетокот на оваа година.

Loading...

На итен состанок на партиското политичко биро на крајот на јули, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун рече дека ќе ги казни официјалните лица за штетата предизвикана од обилните дождови што ги поплавија областите во северните провинции Јаганг и Северен Пјонган и раселеа илјадници луѓе, објави Јонхап.

Канг Понг-хун, поранешен главен секретар на Провинцискиот комитет Јаганг на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, се вели дека е меѓу погубените функционери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Либанскиот парламент се обидува да избере претседател по 13-ти пат

Канг и други високи функционери, вклучително и министерот за јавна безбедност Ри Тае-соп, беа разрешени од нивните функции поради штети од поплавите, објавија севернокорејските државни медиуми, јави Танјуг.