Северна Кореја нова година пречека покрај ледена ракета (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Реплика на Хвасонг 15, направена од мраз била главна атракција на фестивалот на ледени скулптури, одржан во Пјонгјанг.

Севернокорејската државна телевизија емитувала снимки од фестивалот, кој е одржан во рамките на новогодишната прослава, пренесува ВВС.

Како се наведува, скулптурата е претставена во време кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предупредува дека копчето за лансирање на нуклеарниот проектил е секогаш на неговата маса.