Сенегал: 38 загинати во судир на два автобуси

Сподели со своите пријатели

Сенегалскиот претседател Меки Сал прогласи тридневна жалост во земјата откако 38 лица загинаа, а 80 други беа повредени во судар на два автобуси во неделата, пренесува Ројтерс.

Loading...

Несреќата се случила откако пукнала гума на еден од автобусите, поради што возачот изгубил контрола и директно удрил во автобусот што доаѓал.

Налетот бил толку силен што остатоците биле расфрлани на сите страни. Несреќата се случила во Кафрин, кој е на 220 километри од главниот град Дакар.

Ова е една од најтешките несреќи во поновата историја на Сенегал. Сепак, тие се случуваат се почесто, но не со толку голем број жртви. Главна причина за тоа се старите и дотраени возила и лошите патишта кои често предизвикуваат вакви несреќи.