Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Секоја осма жена во светот ќе заболи од рак на дојка, па скрингот е многу важен за да се открие ова подмолна болест навремено.

Loading...

Ова денеска го истакна специјалист др. Маја Јакимовска на трибината за рана детекција на рак на дојка која се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово.

 

 

Како што истакна др. Јакимовска, ракот се јавува најчесто кај жени над 40 години, но таа граница има тенденција да се спушта.

– Возраста предоминира над 40 години, така да од 40 до 69 години жените во скринг се секако ставени. Но, сега имаме и нешто пониски вредности, се спушта старосната доба и тоа има свое зошто. Во последно време се претерува многу со хормонска терапија, ин-витра, јас не знам кога последен пат сте слушнале некоја жена нормално да остане бремена, одат на повеќекратни инвитра и сето тоа има своја последица, како и нерегулирана честа употреба на хормони, појаснува Јакимовска.

 

Loading...

 

Како што додава таа, голема улога има и начинот на исхрана, но и загадениот воздух, кој за 20 отсто ги зголемува шансите за појава на болеста.

– Со сите сили треба да се бориме за она што го јадемее, воздухот што го дишеме, физичката активност, оти обезноста е еден од знаците. Мора да се бориме со сите работи што може да ги превенираме, истакна таа.

 

 

Најмладиот пациент во установата каде што работи др. Јакимовска имал 27 години.

Loading...

Месецот октомври е месец, истакна др. Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово, е посветен на подигање на свеста кај жените за оваа подмолна болест, па затоа и ваквиот настан го организира Министерството за здравство.

– Со таа цел денеска имаме екипа од Министерството за здравство која ќе одржи едно предавање и во состав на самиот настан, има можност приустните да се регистрираат за скрининг за рак на дојка. Мора да напомнам дека преку матичните, а и директно во болницата може да се закаже скриниг преглед за рак на дојка, рече др. Трајановски.

 

 

Болницата, како што рече тој, има кабинет за преглед на дојка, со ехо, рендген преглед на дојка, и се што е потребно за соодветен скрининг и преглед на рак на дојка.

– Има доволно лекари, двајца кои завршија млади, перспективни лекари, двајца кои веќе работат, така да сме екипирани во овој поглед, додава директорот.

 

Loading...

 

Министерството за здравство организира вакви трибини во повеќе градови во државата, со иста цел популаризација на темата и превенција и навремено откривање на ракот.

Никола Ивановски