Плинска боца експлодирала вчера во стан во Куманово, при што биле оштетени прозорците и дел од покуќнината.
– На 03.11.2026 во 14:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека во стан на ул. „Тоде Думба“ во Куманово, сопственост на В.Ѓ.(51) , настанала експлозија од плинска боца, при што биле оштетени прозорците и дел од покуќнината, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во пожарот нема повредени лица.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, интервенирале петмина пожарникари во период од 14:35 до 15:30 часот.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

