Седиштето на ИВЗ под опсада – Реисот бара помош од МВР

Сподели со своите пријатели

Седиштето на ИВЗ е узурпирано од криминалци, а вработените се во заложништво, пренесува 24 вести повикувајќи се на изјавата на Реисот Сулејман Реџепи по упадот во заедницата во текот на вчерашниот ден.
Како што пренесуваат медиумите, Реџепи побарал институциите да преземат мерки за зачувување на исламската верска заедница, откако на итна средба со ријасетот, во присуство на 12 муфтии, дискутирале за инцидентот во седиштетото на ИВЗ.
За инцидентот ја информирал и меѓународната заедница. Реисот Реџепи тврди дека групата на чело со скопскиот муфтија и генералниот секретар на организацијата насилно ја обиле влезната врата, ги искршиле безбедносните камери и под закана со оружје ги одземале печатите од вработените.
Скопскиот муфтија, пак заедно со неколку свои приврзаници, меѓу кои и разрешениот генерален секретар на ИВЗ Африм Тахири тврдат дека Реџепи повеќе не е поглавар на исламската верска заедница во РМ.
Расколот во заедницата почна уште минатата недела, кога наводно реисот од јавна говорница ги навредувал оџите, тврдеше скопскиот муфтија. Потоа муфтијата побара извинување од поглаварот, но доби отказ, а реисот доверба од ријасетот, јавува 24 вести.
Според одредени медиуми, не е исклучено, целата бркотница да има и политичка позадина, откако Реисот Реџепи бил етикетиран како противник на политиките на актуелната власт и нивен остар критичар.
Насловна:Новини.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *