Се затвораат игралиштата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово ги задолжи општинската инспекција, Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и Секторот за комунални работи, да ги одбележат и затворат сите детски и спортски игралишта во општината.

Loading...

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски на денешната вонредна седница на Советот, јавните површини ќе бидат обележани со прописна лента и истите ќе се затворат за употреба особено за младите лица.

– Жалам за оваа одука, но ова е една од мерктие која ја применувале секаде во светот и дала сериозни резултати се до носење на нова одлука. Тоа не значи дека улиците треба да се затворат за движење, но треба да се води сметка за држење растојание при движење на граѓаните. Но, кога луѓето одат, особено најмладите на детско игралиште тогаш постои поголем ризик од блиски котнакти и евентуален пренос на вирусот, рече градоначалникот Димитриевски, кој е командант на штабот.

Истовремено Штабот побара од Владата од денеска да се воведе полициски час на територијата на Општина Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply