Се враќа животот во кумановско ”Диво Насеље” (галерија)

Сподели со своите пријатели

После дводневната криза во кумановско ”Диво Насеље”, животот на улиците се враќа, со само една полициска патрола која кружи низ главната улица Тоде Мендол.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”42″]

 

Иако се уште се работи на враќање на електричната енергија, сопствениците на некои од куќите велат дека полека – полека,  почнуваат да се соочуваат со реалноста и се заблагодарија што веќе од денес почнува проценка на штетите, со надеж за брзо обештетување и враќање дома.

Во куќата на еден од притворените владееше тотален молк. Жените во куќата не знаат што да коментираат. Не знаат каде е нивниот член, и чекаат некој да дојде и да им соопшти што се случува и кога ќе се знае за неговата судбина.

Целосно разрушените куќи, од кои една веќе плива во вода и се шири реа на остатоци од крв и храна, беше со затворена порта денес. Тоа е изнајмената куќа, тивко коментираа случајните минувачи кои од љупопитност ѕиркаа во внатрешноста на рушевините од каде од една од собите течеше вода со локви човечка крв.

Денес на главната улица се делеше хуманитарна помош на две организации, без присуство на голем број медиуми како што беше случајот во текот на изминатите два дена.

Loading...

 

 

Leave a Reply