Десет лица загинаа, а осум се повредени при уривање на зграда во главниот град на Египет, јавија државните медиуми.
На местото на настанот во работничката населба Кердаса во Гиза биле испратени возила на брза помош.
Таму тимовите за цивилна заштита трагаат по исчезнатите под урнатините, пишува весникот Ал-Ахбар Ал-Јум.
Очевидци изјавија за весникот дека колапсот бил предизвикан од „експлозија на плинска боца“ и дека е во тек полициска истрага.
Градежните прописи нерамномерно се применуваат и се спроведуваат во Каиро, каде живеат повеќе од 26 милиони жители.
Во изминатите години, египетската метропола беше сведок на неколку фатални уривања на згради, во некои случаи поради дотраената состојба на некои од нив, а во други поради непочитување на градежните прописи.
10 وفيات نتيجة انهيار مبنى سكني في مدينة كرداسة بمحافظة الجيزة المصرية#الجزيرة_مباشر #مصر pic.twitter.com/mIUTPlWclu
— الجزيرة مباشر (@ajmubasher) February 17, 2025