Се урна борбен авион Ф-16 во Украина додека одбиваше руски напад, пилотот загина

Сподели со своите пријатели

Украинската војска потврди дека еден од борбените авиони Ф-16 што ги добил од западните партнери се урнал на 26 август.

Loading...

Авионот паднал додека одбивал руски напад, соопшти војската на 29 август. Пилотот загинал во падот, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Претходно, американски официјален претставник изјави за Волстрит џурнал (WSJ) дека украинскиот борбен авион Ф-16 бил уништен во несреќа на 26 август.

Неименуваниот функционер рече дека инцидентот се случил за време на масовен руски ракетен напад низ целата земја.

Сепак, првите извештаи укажуваат дека авионот не бил соборен од непријателски оган, наведуваат американскиот весник и агенцијата Ројтерс во извештаите објавени на 29 август, јавува сервисот на Радио Слободна Европа на англиски јазик.

WSJ наведува дека авионот најверојатно паднал како резултат на грешка на пилотот.

Украинското воздухопловство не сакаше да го потврди ниту падот, ниту статусот на пилотот.

Несреќата се случи неколку недели откако првите авиони Ф-16 пристигнаа во Украина.

Loading...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина за првпат ќе ги користи авионите во борба, за да цели на руски ракети, за време на нападот оваа недела.