Се отстранува руиниран објект во центарот на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна постапката за отстранување на руиниран објект во центарот на Куманово, информираа денеска од општината.

Loading...

Ангажираните екипи поставија ограда околу објектот за кој комисијата проценила дека е руинирани, претставува опасност и може да ја загрози безбедноста при движењето на граѓаните, сообраќајот и соседните објекти.

 

 

Раководителот на одделението за инспекциски надзор, Бобан Бојковски појаснува дека во градот има неколку склонопадни објекти, поголем процент сопственост на приватни лица.

– Од страна на општина Куманово се врши отстранување на руинирани објекти што се наоѓаат на улица „Илинденска“. Извршувањата ќе продолжат согласно лоцираните средства за административно отстранување. Кога се отстранува приоритет се дава онаму каде мора да се заштити јавниот интерес. Овој објект се отстранува бидејќи претставуваше опасност за граѓаните и минувачите. Секогаш се отстрануваат објекти каде е завршена целосната постапка за склонопадни објекти. Општината навремено доставува до сопствениците решенија дека треба сами да си го отстранат објектот користејќи сопствени средства кои се далеку поевтини од она што општината го одбира на тендер. Сметката за отстранување на овие објекти се доставува до сопствениците на објектите, изјави раководителот на секторот, Бојковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 18:30 часот?

 

Loading...

 

Вакви објекти датираат од поодамнешен период, имаат конструктивен систем кој не ги издржува современите стандарди за сеизмичка стабилност.

Законот ги регулира начинот на кој се отстрануваат овие објекти, откако комисијата констатира, се известува сопственикот на земјиштето дека треба да се отстрани, доколку сопственикот не преземе активности, тогаш се спроведува постапка од страна на општината по службена должност, се прави елаборат за отстранување, по што се отстранува на сметка на сопственикот на недвижниот имот, појаснуваат стручните.

 

 

Куманово од општинскиот буџет, според објавата на електронскиот систем за јавни набавки за присилно административно извршување на управни акти и рушење на објекти одвојува 2.499.999, 92 денари со ДДВ.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се првични резултати од гласањето во Куманово!

Договорот со избраната компанија скопската, „Солакс- Екс- Им“ е склучен на трети февруари, годинава.

МИА