Во тек е асфалтирање на паркинг просторот пред новоизградената Црква „Св.Архангел Михаил“ во населба Карпош во Куманово.

Како што информираше денеска градоначалникот на Општина Куманово, градежните активности се донација од компанијата „Кооп инжинеринг“.

– Во 2023 година следува изградба и на паркинг просторот кај Џамијата на Аџи Шефкет во населба Тоде мендол повторно со донација, напиша Димитриевски.
Никола Ивановски

