СДСМ: Сношти брутално е претепан претседателот на ОО на СДСМ Центар (видео)

Сподели со своите пријатели

Во денешната изјава за медиумите, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, тврди дека вчеранавечер е претепан претседателот на Општинската организација на СДСМ од Центар, Саша Богдановиќ.

Loading...

Според Шилегов, околу полноќ, во моментот кога Богдановиќ излегувал од својот автомобил, пред зградата во којашто престојува, две лица, со црни маски, веднаш го нападнале со метални шипки и го претепале.

– Настанот се случил пред неколку очевидци и граѓани од околните згради. Од нападот Богдановиќ се здобил со тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите тој итно е пренесен во Ургентниот центар во Скопје кадешто му е укажана медицинска помош. Случајно, на местото на настанот се нашол полицаец кој брзо и професионално реагирал и успеал да приведе еден од напаѓачите, вели Шилегов.

СДСМ бара МВР веднаш да соопшти кој е сторителот којшто бил приведен од совесниот полицаец.

Дали е тоа извесен Младен Додевски? Дали вториот напаѓач, кој побегнал, е Никола Митревски-Кољо? Овие двајца, неодамна беа пуштени од затвор. Митревски, заедно со Александар Василевски-Нинџа, одлежа затворска казна од само една година за пукање во шест лица. Бараме МВР, официјално, веднаш да соопшти кој е вториот насилник и по чија нарачка е спроведен физичкиот напад врз Богдановиќ, праша Шилегов.

Според информациите на СДСМ, станува збор за дел од лицата коишто секојдневно се уфрлаат на протестите против власта за да провоцираат насилство. Целта на оваа група е да предизвикува немири за да се обесхрабрат граѓаните гласно да го искажат својот став против Никола Груевски, тврди Шилегов.

 

 

Leave a Reply