По тоа што ќе го објавиме денеска, ќе стане уште појасно зошто на националниот сервис, Македонската Радио Телевизија не слушнавме ни збор за грозоморниот обид за закана врз новинарот Јовановски и неговото семејство, изјави на денешниот прес Зоран Заев.
Loading...
– Аудио доказите што ќе ги презентираме, ќе расчистат зошто воопшто националниот сервис МРТВ пренесува информации кои немаат врска со реалноста, како избирале новинари кои работат во телевизијата и зошто тие новинари сервилно ја испорачуваат секоја нарачка на Груевски и власта. Денеска го отвораме пакетот за поклопеноста на медиумите од страна на Никола Груевски и неговите соработници, изјави Заев.