СДСМ: Слушнете докази – Мијалков стои зад СГС и милионите (видео)

Сподели со своите пријатели

На денешната прес конференција на СДСМ одржана во Кавадарци се обрати претседателот на ОО СДСМ Кавадарци, Зоран Ѓорѓиев, при што беа обелоденити наводно прислушувани снимки од разговори кои според опозицијата докажуваат дека фирмата СГС е на директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој наместил тендери во висина од 15 милиони евра за фирмата, а вработувал и 1.100 граѓани.

Loading...

„Ќе слушнете како Николовски го информира Мијалков дека бројот на вработените во СГС достигнал над 930 луѓе на што Мијалков вели „чекај, уште да го завшриме ова со Ти-мобајл и ќе одиме до 1.100“. Дополнително, Мијалков вели дека ќе го контактира Жарко Луковски, извршниот директор на Т-мобиле за Македонија, инаку кумашин на Мијалков, за како што самиот вели „да види до каде е таа работа“.“, рече Ѓорѓиев.

 

Leave a Reply