СДСМ: Кој се богати од нелегалното производство на тутун од типот „Вирџинија“?

Сподели со своите пријатели

Социјал демократскиот сојуз и денеска излезе со соопштение во јавноста во кое упатни сериозни обвинувања дека функционери блиски до власта се богатат со нелегално производство на тутун од типот Вирџинија.

Loading...

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Криминалот за којшто Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предупеди уште пред една година со нелегално производство и продажба на тутун од типот Вирџинија продолжува и се повторува и оваа година.

Со нечија заштита и одобрвање во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Р.Макеоднија.

Деновиве во Могила се забележани површини со Вирџинија со големина од околу 100 ха коишто се сопственост на шест семејства. Производителите на овој тутун во јавното претпријатие Стрежево, коешто нуди услуги во  наводнување на пелагониските површини, пријавиле дека бараат наводнување за посев од пченка.

Според информациите, на ден 12.08.2014 година, и покрај тешкотиите со наводнувањето, ЈП Стрежево пушта вода за наводнување, и тоа внимавајте само на овие површини.

Цената на овој нелегален тутун од килограм се движи и до 10 евра на светските пазари додека цената на легалниот тип орентален тутун којшто го произведуваат нашите тутунари изнесува од 2 до 3 евра за килограм.

Приносот од производство на нелегалниот тутун Вирџинијата изнесува 2 тони на хектар. Со тоа од 100 хектари се добиваат 200 000 килограми. Така добивката од овоа незаконско одгледување на тутун изнесува 2 милиони евра.

Loading...

Власта на Никола Груевски во заминување треба да објасни кој дозволува вакво нелегално производтсво на тутун? За коешто патем дополнително се овозможуваат услови за наводнување коишто останатите земјоделци ги немаат.

Кој врши нелегален откуп на овој тип на тутун, каде го извезува и во чии чебови завршуваат милионски суми од нелегалното производство? Кој ќе понесе одговорност за овој криминал?
Македонските тутунари не смеат да бидат ставени во подредена положба во која тие својот тутун ќе го продаваат за три пати пониска цена од неколкумина кои со нечија поддршка незаконски доаѓаат до брза и голема заработувачка. Тоа потценување на оние коишто чесно заработуваат на сметка на криминалот.